Челична Магнолија: Запознајте ја најмоќната адвокатка, која ги разведува кралските парови
- Детали
- вторник, 06 август 2019
Фиона Шеклтон е една од најпрестижните британски адвокати на која „специјалност“ ѝ се разводите, а во својата богата биографија може да се пофали дека ги застапувала Пол Мекартни, Гај Ричи, како и принцот Чарлс.
Заради своите успешни случаи завршени во корист на нејзините клиенти, го добила прекарот Челична Магнолија, а сега повторно е во екот на јавноста поради новата клиентка која од неа бара услуга и помош.
Челичната Магнолија сега ја застапува принцезата Хаја, која избега од шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактоум, монархот на Дубаи во ОАЕ. Таа има за цел да ја спаси принцезата и нејзините деца од шеикот.
Она по што е позната најмоќната адвокатка во светот е нејзината апсолутна дискреција, која ѝ носи фантастична репутација и препорака во кругот на познатите.
Нејзиниот најголем и најпопуларен случај бил оној од 1996-та година, кога го застапувала принцот Чарлс во бракоразводната постапка со принцезата Дијана.
Од овој случај излегла со 17 милиони фунти, како и годишен надомест од 400.000 фунти, а наводно најзаслужна е бидејќи токму таа се изборила принцезата Дијана да се откаже од кралската титула.
Инаку, Фиона во младоста имала желба да гради кариера како угледна докторка, но сепак на крајот се одлучила за право.
На почетокот на ’80-тите се придружила на кралскиот адвокатски тим во Farrer & Co каде бргу напредувала, а веќе по 2 години станала и партнер во компанијата. Неколку години подоцна важела и за главна адвокатка.
Сепак, има време и за среќен семеен живот, со оглед на тоа што е во долгогодишен брак со PR консултантот Ијан Шеклтон, со кој има две ќерки, Лидија и Корделија.
М. Д. | Црнобело