Меган Маркл дизајнира своја модна линија за добротворни цели

Војвотката од Сасекс изјави дека ќе лансира своја модна линија, и тоа со навистина добра цел.

megan-markl-kje-lansira-svoja-modna-linija-za-dobrotvorni-celi-01.jpg

Меган, заедно со модниот бренд Jigsaw, дизајнерката Миша Нону и британските продавници Marks & Spencer и John Lewis ќе издадат колекција за деловна облека.

Меган ја најави новоста во септемвриското издание на Vogue, во кое беше поканета и како гостин уредник.

megan-markl-kje-lansira-svoja-modna-linija-za-dobrotvorni-celi-04.jpg

Дел од колекцијата ќе биде наменет за Smart Works – добротворна организација што им помага на невработените и ранливи жени да се вратат на работа.

„За секое парче купено од некого, друго ќе биде донирано. Ова не само што ни овозможува да бидеме дел од нашите приказни, туку нè потсетува дека сме заедно во сето ова“, напишала војвотката за Vogue.

megan-markl-kje-lansira-svoja-modna-linija-za-dobrotvorni-celi-02.jpg

Уште откако војвотката влезе во кралското семејство, речиси секое парче облека што го носи се распродава веднаш.

Покрај тоа, Меган инспирира многу модни блогери да направат цели профили посветени на тоа да ги пронајдат поевтините верзии на облеката што ја носи таа.

Дури и уредничката на Vogue, Ана Винтур, го нарекла стилот на Меган инспиративен. Па, не е ни чудно што следниот чекор на Меган е во светот на модата.

megan-markl-kje-lansira-svoja-modna-linija-za-dobrotvorni-celi-03.jpg

Бидејќи продавниците кои ќе соработуваат со Меган се британски, уште не е познато дали облеката ќе биде достапна и во други држави.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg