Марго Роби блеска покрај Бред Пит и Леонардо ди Каприо на премиера на заеднички филм (фото)
- Детали
- среда, 31 јули 2019
Во фустан со длабоко деколте, Марго Роби блесна покрај Пит и ди Каприо на премиерата на Once Upon A Time In Hollywood во Лондон.
Актерското трио ја има главната улога во филмот на Квентин Тарантино, кој на премиерата во Кан во мај доби 7-минутни овации.
На црвениот тепих на премиерата во Лондон тројцата се појавија во беспрекорно издание.
Марго Роби изгледа совршено во впечатлив фустан со длабоко деколте, во комбинација со едноставна фризура и шминка.
Двајцата актери пак, изгледаа елегантно во темни одела, а режисерот Тарентино пристигна на премиерата со неговата 35-годишна сопруга Даниела.
Како изгледаа актерите на црвениот тепих во Лондон:
М. М. | Црнобело