„Браво храбри жени!“ - Меган Маркл за Vogue открива на кои жени им се восхитува

Франческа Хејвард, 27: Ѕвезда од кралскиот балет

Балерината била родена во Наироби и се преселила во Сасекс на 2 години за да живее со нејзините баба и дедо. Изјавила дека кога луѓето ја прашуваат како е да се биде балерина од друга раса, почнува да се чувствува поразлично.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-06.jpg

Рамла Али, 20-ти (не ја знае својата возраст): Боксерка која сака да се справи со малтретирачите

Рамла била малтретирана во тинејџерските години бидејќи била дебела. Наскоро го открила боксирањето, но морала да ја крие својата нова страст од нејзините строги родители муслимани. Денес волонтира и ги учи жените на самоодбрана.

Кристи Турлингтон Бурнс, 50: Супермодел кој се грижи за мајките

Еден од оригиналните супермодели во 90-тите, Кристи Турлингтон, од неодамна има две деца и е во брак со актерот Едвард Бурнс. Таа ја основа непрофитната организација Every Mother Counts, чија цел е да ги направи бременоста и породувањето побезбедни ширум целиот свет.

Салма Хајек, 52: Актерка со социјална свест

Актерката неретко води кампањи со цел да ја подигне свеста за насилството врз жените и дискриминација на имигрантите. Изјавила дека и самата била илегален имигрант во САД откако се преселила од Мексико.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-07.jpg

Џејн Фонда, 81: Оскаровката која не застанува ни во своите 80-ти

Три пати разведена мајка на три деца често е контроверзен политички активист. Таа ѝ се спротивставувала на Виетнамската војна, од каде што го добила и прекарот Hanoi Jane. Во 2017-та година изјавила: „Бев силувана, бев сексуално малтретирана како дете и бев отпуштена од работа бидејќи не сакав да спијам со мојот шеф.“

Лаверн Кокс, 46: Актерка и ЛГБТ активистка

Американската актерка стана првата трансродова личност номинирана за Еми награда. Изјавила дека повеќето Американци учат за трансродовите лица преку медиумите.

Јара Шахиди, 19: Ситком кралица што ги инспирира гласачите

Актерката и модел од САД го лансира движењето Eighteenx18 чија цел е да ги охрабри луѓето да излезат на гласање. Нејзината „страст“ се развила за време на изборите во 2016-та година, кога таа и голем дел од нејзината генерација не можеле да гласаат.

megan-markl-kako-gostin-urednik-na-vog-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg