Кое е значењето на машничката која Кејт Мидлтон со години ја носи на Вимблдон?
- Детали
- четврток, 18 јули 2019
Фантастичните, елегантни фустани кои Кејт Мидлтон ги бира за појавување на трибините на Вимблдон ретко кој може да ги игнорира. Но, она што малкумина го имаат забележано е нејзиниот постојан аксесоар – машничката во темно зелена и виолетова боја.
Какво е значењето зад оваа машничка која Кејт ја носи на Вимблдон, без разлика дали ѝ одговара на фустанот или не?
Војвотката е покровител на тенискиот клуб All England Lawn Tennis and Croquet, односно на местото каде се одржува Вимблдон.
За потсетување, Кејт е страствен тениски играч, а пасијата му ја пренела и на принцот Џорџ кој неодамна имал тениски час со легендарниот Роџер Федерер.
Официјалните бои на клубот се темно зелената и виолетовата, па токму затоа машната е во тие бои.
Покровителот, претседателот, комитетот за управување, потпретседателите и четири члена од извршниот одбор се единствените кои поседуваат вакви машни и имаат право да ги носат.
Освен годинава, Кејт е забележана со истата машничка и изминатите години на Вимблдон:
М. Д. | Црнобело