Сите насловни кои тврдат дека Лејди Гага и Бредли Купер живеат заедно и очекуваат дете
- Детали
- четврток, 11 јули 2019
Гласините за Лејди Гага и Бредли Купер не престануваат, а странските медиуми шпекулираат дека тие веќе живеат заедно и очекуваат заедничко дете.
За хемијата помеѓу Бредли Купер и Лејди Гага се шпекулира уште откако се појавија заедно на филмското платно, на сите премиери и заеднички настапи полни со емоции.
Сите ја предвидоа разделбата на Бредли и Ирина Шајк уште пред да се случи, но дали навистина Лејди Гага беше причината за тоа, како што многумина шпекулираат?
Странските медиуми не застануваат со гласините, па освен тоа што „тврдат“ дека Гага е причината за нивната разделба, сега шпекулираат дека пејачката е бремена и дека се преселила заедно со актерот.
Според изворите на странските медиуми, наводно Гага блескала со труднички сјај, но го криела стомачето и не ја објавувале веста од почит кон Ирина.
ОК!, InTouch и Story се само дел од странските магазини на чија насловна страница завршија Купер и Гага со наслови „Бремена, но кој е таткото?“ / „Веќе не се преправаат“ / „Гага се пресели!“.
Сепак, за овие гласини нема никаков одговор од ниту еден од нив, а некои медиуми ги демантираат вестите на таблоидите дека Гага и Купер се во романтична врска, а уште помалку дека очекуваат дете.
Дали на таблоидите и фановите повторно ќе им се остварат предвидувањата или сепак станува збор само за лажно привлекување на внимание?
Погледнете ги насловните страници од магазините кои „навиваат“ за парот и шпекулираат за заеднички живот и бременост:
М. М. | Црнобело