Како од „грдо пајче“ Џордин Вудс стана влијателна убавица?
- Детали
- сабота, 31 август 2019
Бившата другарка на Кајли Џенер изгледа потпаднала под притисокот, па се решила на повеќе естетски корекции и дополнувања за да постигне совршенство.
Кајли Џенер ѝ подари многу скапи подароци низ годините, од дијамантски бразлетни до нов Мерцедес, но една од најскапите инвестиции изгледа сепак ѝ се лицето и телото.
Прво, најзабележлива е корекцијата на носот, па потоа следуваат пополнувањата на брчките и наборите со ботокс.
Новите заби без препознатливиот простор напред се исто така голема инвестиција.
Направила и подигнување на веѓите, нивно исцртување, како и полнење на усните.
Како изгледаше Џордин Вудс пред да заработува милиони, а како изгледа денес?
Еволуцијата низ неколку фотки:
М. Д. | Црнобело