Бакнежот со Тристан „вредеше“ 5 милиони - Како живее бившата пријателка на Кајли, која Кардашијанс ја мразат?
- Детали
- петок, 05 јули 2019
Кога изби скандалот за Џордин Вудс, пријателката на Кајли, и тогашното момче на Клое Кардашијан, Тристан Томпсон, сите велеа дека Џордин ќе биде најоштетена во ситуацијата.
Сепак, 5-те милиони на сметка си „легнале“ по бакнежот со Тристан. Отприлика толку заработила Џордин по скандалот.
21-годишната девојка која моментално е „презафатена за да мисли на Кардашијанс“ од сите страни добива понуди за заработка.
Џордин се проценува дека изминативе неколку месеци веќе тежи 5 милиони, а парите ги заработила од првата улога која ѝ се понуди пред извесен период, во ТВ драмата Grown-ish, како и од кампањи за разни модни брендови.
Иако повеќе нема соработка со Кајли Џенер и нејзината мејкап империја, сега Џорџин има соработки со гиганти за бикини и долна облека.
Бројката на Инстаграм следбеници по скандалот ѝ се накачи од 8 на 10 милиони, а инфлуенсерите со повеќе од 10 милиони следбеници заработуваат по 33.000 долари по пост.
Се проценува дека до крајот на 2019-та Џордин ќе ја дуплира заработката, односно ќе тежи преку 10 милиони долари.
Не е лошо како за девојка која Кардашијан-Џенер кланот ја мрази.
М. Д. | Црнобело