Најголемите опсесии и зависности на ѕвездите – дали некои се воопшто нормални?
Џеси Ajсенберг го претвори станот во стационар за мачки.
Ако сте љубител на животните, ѕвездата на филмот „The Social Network“ дефинитивно ќе ве импресионира со хуманоста. Џеси Ајсенберг чува дури 42 мачки во неговиот дом. Притоа, ниту една не е купена, туку буквално сите се посвоени од него.
Тој ги спасува уличните мачки за да не бидат успиени. Глумецот вели дека сега целиот стан е налик на стационар за крзнените шепасти пријатели. Како ли успева?
Деми Ловато е подготвена за дочек на вонземјаните.
Поранешната дизниева ѕвезда е претерано опседната со идејата дека вонземјаните постојат, како и дека во секое време може да пристигнат на нашата планета.
Деми Ловато не единствената што е подготвена за нивниот дочек. Мистеријата дали некаде во вселената постои живот ги интересира милиони луѓе ширум светот. Меѓутоа, не до таа мера како пејачката.
Џејсон Сигел има страшна збирка на кукли.
Кога е на филмското платно, комичарот обично ги смее гледачите до солзи. Меѓутоа, истото не можат да го кажат и исплашените гости, посетувајќи го домот на Џејсон Сигел во Лос Анџелес.
Актерот е опседнат со кукли и поседува навистина страшна збирка. Една од нив е и со неговиот лик.
Џордин Спаркс жали што не ги фатила сите Покемони.
Mладата изведувачка си го оствари сонот кога победи на шоуто за музички таленти „American Idol“. Но, останува горчливиот вкус поради неуспехот на друго поле.
Џордин Спаркс уште не може да прежали што не успеала да ги фати сите 150 Покемони. Играта што се здоби со невидена популарност пред некоја година, за неа претставувала сериозна зависност.
До толку била лута и нервозна, што го треснала уредот и направила дупка во ѕидот од спалната соба.
Ансел Елгорт е страствен колекционер на теписи.
Младиот американски глумец и пејач има прилично необична пасија. Ансел Елгорт е опседнат со купување килими. Слабост му се тие со рачна изработка и егзотични мотиви, па не штеди на пари за сите што ќе му фатат око. Во домот поседува импресивна колекција од стотици теписи.
М. А. | Црнобело