Најголемите опсесии и зависности на ѕвездите – дали некои се воопшто нормални?
- Детали
- петок, 05 јули 2019
Кога станува збор за богатите и славните, се чини како ништо повеќе да не може да ве изненади. Но, читајќи го текстов, ќе заклучите дека не е така.
Која латино глумица е опседната со доење? Чија зависност се никотинските гуми за џвакање, иако нема запалено цигара во животот? За кого вонземјаните постојат и ги очекува да пристигнат на Земјата?
Ова се најголемите опсесии и зависности на дел од ѕвездите:
Аврил Лавињ е како гола без нашминкани очи.
Музичарката вели дека нејзината зависност од шминката за очи трае со години. Аврил Лавињ се чувствува како да е гола кога очите не ѝ се нашминкани во јавност.
Затоа и нанесува огромна количина, па без мејкап е речиси непрепознатлива. Го доби прекарот „готска принцеза“.
Бен Афлек фрла тешки пари на коцка.
Коцкањето е порок, а кога ќе прерасне во сериозна зависност, исходот никогаш не е позитивен. Се шпекулира дека глумецот секоја вечер остава над 20.000 американски долари по казина, што е ситница во споредба со тоа колку пари заработувал од еден филм.
Но, сепак е висока сума за обичните смртници. Бен Афлек има изгубено 500.000 долари за една ноќ во Лас Вегас.
Салма Хајек чувствува големо задоволство кога дои.
Интересна зависност, зар не? Латино глумицата отворено призна дека доењето ѝ е опсесија. И многумина ги остави со прашалници во главата. Кога ѝ се родила ќерката, Салма Хајек не можела да си поверува колку всушност ужива додека ја дои.
Тоа било сè што таа сакала да прави. Дури има доено и туѓо бебе за време на добротворна мисија во Африка. Својата зависност ја споредува со онаа од дрога и алкохол.
Роберт Патинсон испива литри диетална Coca Cola.
Младиот глумец е познат по улогата во филмската сага „Twilight“, но и како еден од најпосветените купувачи на популарниот газиран пијалак. Роберт Патинсон испил приближно триста лименки диетална Coca Cola, во текот на снимање од една седмица.
Тоа значи дека секоја секунда од денот си земал по голтка. Актерот признава дека ова е лоша зависност и мора некако да се ослободи од неа.
Џесика Симпсон е зависничка од никотин по грешка.
Никотинските гуми за џвакање честопати ги користат луѓе кои се на маки да ги прекинат цигарите. А, фактот што Џесика Симпсон е зависна од истите, веројатно не би бил зачудувачки, доколку не знаевме дека таа никогаш не била пушач.
Пејачката и глумица ги помешала со обичните. Денес едноставно го обожава вкусот на мастиките и вели дека е целосно опседната со нив. Зошто?!