Џон Бон Џови и уште 5 ѕвезди кои одбраа да живеат во мали и тивки градови
Брус Вилис, Брадфорд
И додека беше во брак со актерката Деми Мур живееше на мирно место, а и со новата сопруга Ема Хеминг од 2014 година живее на големо земјиште во Брадфорд, каде ги одгледуваат нивните деца.
Малото убаво гратче има околу 18.000 жители и е меѓу 250-те најбогати градови во Америка. Меѓу соседите му е и Ралф Лорен, но актерот годинава имотот го стави на продажба.
Џон Бон Џови, Мидлтаун
Рок ѕвездата со својата сопруга живее во куќа во Мидлтаун од 1999 година. Имотот го купија во 1995 година и го испланираа секој детаљ во домот во кој ќе ги одгледуваат нивните деца.
Градот има околу 50.000 жители, Џон Бон Џови е многу приземјен и постојано е дел од настаните во градот, особено хуманитарните.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, Брадфорд
Познатиот пар одлучи да живее во малиот богат град кој им нуди мирен живот на жителите.
Парот вели дека обожава да биде дома, а омилени активности им се гледање телевизија и правење колачиња.
С. С. | Црнобело