Џон Бон Џови и уште 5 ѕвезди кои одбраа да живеат во мали и тивки градови
- Детали
- четврток, 27 јуни 2019
Тие не ја сакаат вревата на Лос Анџелес, сакаат мирен живот на големи имоти во мали и тивки градови. Кои ѕвезди се вака скромни?
Поголемиот дел од познатите личности живеат во Лос Анџелес затоа што таму се случува сè. Да се биде дел од А-листата значи постојано да се биде во фокусот на вниманието и папараците да ве следат на секој чекор.
Сепак, некои познати личности не сакаат вакво темпо на живот. И покрај славата, тие сакаат мирен живот во мал град, каде ќе бидат релаксирани.
Кои ѕвезди одбраа да живеат во мали и тивки градови:
Тејлор Свифт, Роуд Ајленд
Сака да биде во фокусот во музичкиот свет, но сепак избра да живее на мирно место во кое поголемиот дел од жителите се постари од неа.
Сепак, таму има вила од 17 милиони долари и постојано ја посетуваат нејзините познати пријатели.
Мерил Стрип, Салисбури
Таа има неверојатни 21 номинација за Оскар, но со својот сопруг живее далеку од холивудската врева.
Дискретна е, има куќа заградена со високи ѕидини, а соседите во ова мало место се горди што ја имаат.
Џулија Робертс, Таос
Актерката има неколку имоти, но омилен ѝ е ранчот во Таос, Ново Мексико, лоциран во близина на планините. Таму минува многу време со близнаците и сопругот.