20.000 евра бакшиш - Роналдо ги „потплатил“ вработените во грчкиот ресорт, за да ги бркаат папараците
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
Роналдо е познат по оставањето големи бакшиши, па годинава повторно оставил 20.000 евра за вработените во грчкиот ресорт да му понудат врвна услуга и да ги држат настрана папараците.
Веројатно каде и да отиде, Кристијано Роналдо секогаш ќе биде следен од папараците, но секој заслужува пристоен одмор во приватност.
За таа цел, фудбалерот смета дека решението е да остави голем бакшиш, односно да ги потплати вработените во хотелите каде престојува.
Пред да го продолжи одморот со Џорџина на Сен Тропе, заедно со семејството, тој беше на одмор во Грција, во ресортот Costa Návarino, каде престојуваше и лани.
Минатата година, заради добрата услуга тој остави 20.000 евра бакшиш, а оваа година повторно го почестил персоналот со истата сума, за да ги држи папараците настрана додека тој ужива во семејниот одмор.
Покрај тоа што одвојува по 8.000 евра од вечер за престој во ресортот, на фудбалерот не му е проблем секоја година да одвои уште 20.000 евра за својата приватност.
Прочитајте и Ресортот во Грција во кој Кристијано Роналдо остави 20.000 евра бакшиш
М. М. | Црнобело