Не сум швалерка на Паркер!
- Детали
- понеделник, 06 декември 2010
Ерин Бери е жената која медиумите ја обвинија за растурање на бракот на Ева Лонгорија и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Тони Паркер.
Во нејзината изјава за јавноста стои дека таа нема време за туѓи сопрузи.
„Не сум имала афера со Тони Паркер и не сум го прогонувала. За жал, со оглед на тоа дека се разведуваме во исто време, медиумите не поврзаа заради нашето пријателство. Моето пријателство со Тони нема никаква врска со крајот на мојот брак. Разводот е доволно болен и без драмата која се направи со гласините за нашата наводна афера. Сето ова е прилично наивно, смешно и потполно лажно“, изјавила Ерин.
Чисто за потсетување, Ева Лонгорија побара развод откако ги прочита стотиците СМС пораки од друга жена во мобилниот телефон на Тони.
„Луѓето кои не ме познаваат ме споија со Паркер. Добив стотина мејлови и повици од пријатели кои ме знаат и поддржуваат. Многу сум зафатена со своите деца и студиите, така што жалосно е што морам да издвојувам време за да се правдам“, соопштила Ерин.
Таа објаснува и дека морала да прозбори затоа што молчењето најчесто се толкува како одобрување.