Фатални мажи поради кои славните жени ги заборавија партнерите
Руперт Сандерс
Еден од најголемите прељубнички скандали во Холивуд на сите времиња се случи летото 2012 година.
Тогашниот златен пар и ѕвездите на сагата „Twillight“ – Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон – раскинаа откако во таблоидот US Weekly осамнаа компромитирачки фотографии од младата глумица.
Поточно, во јавноста испливаа папарацо снимки на кои разменува нежности со Руперт Сандерс, режисерот на филмот каде таа имаше запазена улога. Врската не им траеше долго.
Дин Мекдермот
Тори Спелинг го запозна сегашниот сопруг на снимањето на филмот „Mind over Murder" во 2005 година. Средбата со шест години постариот Дин Мекдермот била фатална.
Страствено се вљубиле еден во друг, наспроти фактот што и двајцата имаа бурми на рацете. Глумецот во тој период беше оженет со Мери Џо Јустис, а богатата наследничка во брак со Чарли Шаниан.
Оттогаш се поминати цели четиринаесет години, а парот е уште заедно и родители се на четири деца.
Џејмс Тапер
Ен Хејч, поранешната девојка на Елен Деџенерис, не можеше да одолее на шармот на колегата Џејмс Тапер, при снимањето на телевизиската серија „Men in Trees” во 2009 година.
Ова не би било ништо чудно, ако истовремено не беше омажена за Колман Лафун. Кога шест месеци подоцна гласините за аферата испливаа на површина, актерката побара развод.
Веднаш потоа се пресели кај љубовникот, со кого започнаа врска, но издржаа заедно до минатата година.
М. А. | Црнобело