Зошто Кети Пери со години се тужи на суд со калуѓерки?
- Детали
- четврток, 13 јуни 2019
Во судницата почина една од калуѓерките, а другата ја обвини Кети Пери дека има крв на рацете и е човек што би си ја продал душата на Сатаната.
Кети Пери од 2014 година води легална битка со калуѓерки од организацијата „Immaculate Heart of Mary“.
Поп дивата се обиде да купи имот во Лос Анџелес, кој некогаш бил манастир, но две калуѓерки, поранешни жителки на ова место, ја одбиле како потенцијален купувач.
Таа ги тужеше двете стари калуѓерки бидејќи ѝ го скратиле правото да го купи имотот.
Едната од нив Кетрин Роуз Холзман почина во 2018 година за време на процесот во судницата, а другата калуѓерка Рита Каланан ја обвини Кети дека „има крв на рацете“.
81-годишната Рита е последниот жив член од групата сестри „Immaculate Heart of Mary“ кои живееле во манастирот во Лос Анџелес, за кој во 2014 година Кети понуди милиони долари за да го купи.
Замокот во француски стил е изграден во 1972 година, а калуѓерките го купиле од еден бизнисмен и го пренамениле во манастир.
На почетокот живееле 52 калуѓерки во него, но до 2011 останале само 5. На крај, 2 калуѓерки не се согласиле со одлуката на еден од нивните претпоставени имотот да се продаде на Кети Пери, иако таа понудила 14.5 милиони долари во кеш.
Тие истражувале за пејачката и пронашле видео на кое Пери се шегува дека би си ја продала душата на ѓаволот во замена за успех. Калуѓерките на суд изјавиле дека е против нивните принципи и верувања да го продадат местото на човек што би си ја продал душата на Сатаната и дека би било грев да ѝ го продадат на неа.
Потоа, калуѓерките глумеле дека само тие го поседуваат имотот и без одобрение од нивните надлежни го продале манастирот на реставраторот Дана Холистер за повеќе од 15 милиони долари.
Таа се вселила кратко потоа и тврди дека го купила местото за да им помогне на калуѓерките.
Потоа, Кети Пери ги тужеше калуѓерките, како и Холистер, за спречување на нејзиното право како купувач и во 2017 година го доби правото да го купи некогашниот манастир, но сè уште ѝ е потребна дозвола од Ватикан. Инаку, на пејачката ѝ беше исплатена отштета.
Во март 2018 една од калуѓерките почина во судницата.
Манастирот моментално повторно е достапен на пазарот.
С. С. | Црнобело