Ѕвезди кои биле сексуално малтретирани како деца, но успешно ја надминале траумата
- Детали
- среда, 12 јуни 2019
Во секоја мрачна ситуација во животот, имате два избори – психички да попуштите или да зајакнете. Овие ѕвезди одбрале и во најлошите моменти да бидат силни.
Како деца биле злоставувани и сексуално малтретирани, но сега гласно зборуваат за тоа негативно искуство, сметајќи дека ќе ја подигнат свеста за проблемот.
Кои ѕвезди имаат вакви мрачни приказни до детството?
Опра Винфри
Била злоставувана од 9 години, а на 13 години останала бремена.
Миси Елиот
На нејзина 8-годишна возраст била силувана од 16-годишен братучед.
Тим Рот
Во 2009-та Тим за првпат во јавноста призна дека бил малтретиран и злоставуван од страна на дедото на неговиот татко и тоа траело неколку години.
Квин Латифа
Актерката за првпат зборуваше за ова искуство од детството во 2009-та и призна дека дотогаш нема кажано на никој, дури ни на нејзините родители.
Била злоставувана од момчето кое ја чувало додека нејзините родители не биле дома.
Памела Андерсон
Слична приказна има и Памела, која на само 6 години била злоставувана од дадилката, а на 12 години била малтретирана од 25-годишен пријател на нејзиниот постар брат.
Мајк Тајсон
Кога имал само 7 години, Мајк бил злоставуван од случаен минувач.
Тери Хачер
На возраст од 5 до 8 години, Тери била злоставувана од нејзиниот вујко, но со години молчела бидејќи сметала дека таа е виновна.
М. Д. | Црнобело