Ирина Шајк заедно со ќеркичката се иселила од домот кој го делеше со Бредли Купер
- Детали
- четврток, 06 јуни 2019
Врската на рускиот супермодел и холивудската ѕвезда изгледа полека се заладува.
33-годишната Ирина Шајк, неодамна се иселила од домот кој го делела со Бредли Купер, а со себе ја земала и ќеркичката Леа.
Парот беше во врска цели 4 години, а имаше и повеќе гласини за нивната свршувачка, иако за свадба никогаш не се спомна.
Изворот за странските медиуми раскажува:
„Работите се заладени помеѓу Ирина и Бредли. Веќе неколку месеци не се во добри односи, па Ирина реши дека е најдобро да се исели и да си најде свое место за живеење.“
Парот за последен пат беше виден заедно со ќеркичката Леа на крајот на месец мај.
Потоа, само Ирина се појави заедно со Леа на почетокот на јуни, во Лос Анџелес.
М. Д. | Црнобело