Jim Carey во геј приказна
- Детали
- четврток, 02 декември 2010
Филмот „I love you Phillip Morris“, каде главни актери се Џим Кери и Иан Мекгрегор, е приказна за страсна љубовна авантура на двајца затвореници. Џим открива...
...дека бакнежите со колегата Иан не му претставувале никаков проблем.
„Постојат малку сценарија за кои би платил да глумам во нив, а ова е едно од тие. Не размислував за голема заработка. Бакнувањето на Иан Мекгрегор беше остварување на еден сон. Мислам, погледнете го! Морам да признаам дека сјајно се бакнува.“ – рекол Кери.
Актерот наведува дека при бакнување со друг маж мораш да престанеш да мислиш на својата сексуална определба и на човекот со кој се бакнуваш да гледаш како на сакана личност. Погледнете како изгледаат Џим и Иан заедно.