Меланија во гламурозен Givenchy фустан ги пречека принцот Чарлс и Камила на вечера (фото)
- Детали
- среда, 05 јуни 2019
Доналд и Меланија Трамп организираа свечена вечера во резиденцијата на амбасадорот на САД, каде што престојуваат за време на нивната посета на Велика Британија.
Претседателот на САД и првата дама се на неколку-дневна посета на Велика Британија и досега неколкупати се сретнаа со кралицата Елизабета и кралското семејство.
Очекувано, Меланија Трамп на секое појавување и средба со краслките членови, воодушевува со нејзините совршени аутфити.
Иако претходно тие беа гости во кралската палата, вчера, Доналд и Меланија организирале вечера во резиденцијата на амбасадорот на САД, на која присуствувале принцот Чарлс и Камила, во име на кралицата.
Меланија ги пречека гостите облечена во долга, црвена тоалета на Givenchy, а Камила пак, се појави во бел, долг фустан.
М. М. | Црнобело