Најниските мажи во Холивуд: Кој има тешки комплекси поради сантиметрите?

Дастин Хофман (166 cm)

Поради малиот раст, прославениот глумец бил жртва на врсничко насилство во детството. Го именувале со разни погрдни зборови и му се потсмевале.

„За врсниците не бев дури ни кепец. Ме нарекуваа трупче. Многумина беа огорчени што така низок и со долг нос успеав да завршам факултет и да станам славен.“

Дастин Хофман со работата на филмови ги победи сомнежите дури и на најголемите скептици.

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-7.jpg

Даниел Редклиф (165 cm)

Ѕвездата на фантастичниот серијал за Хари Потер не верува дека неговата висина би можела некако да му влијае на кариерата во Холивуд. Во духовитиот одговор на интервју, актерот Даниел Редклиф се пошегува на лична сметка.

„Не мислам дека тоа е причина за загриженост. Дастин Хофман и Том Круз имаат мошне различни кариери. А, обајцата се со приближно иста висина како мене. Патем, минималната висина на маринец е 152 сантиметри. Јас сум многу повисок, така што лесно можам да играм кул момци.“

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-8.jpg

Дени Девито (155 cm)

Според зборовите на глумецот, последен пат кога тој посакал да порасне било додека уште одел на училиште. Дени Девито оттогаш воопшто не се грижи за висината, а истото важи и за многубројните фанови. Наспроти телесната „мана“, тешко дека може да се нарече неуспешен.

„Ако се сметате себеси за дебели, мали и грди, не е неопходно да цимолите дека сето ова наводно ве спречува да успеете. Тоа е глупост, а јас сум живописен пример дека е така. Кога се обидуваат да ме убедат дека нешто не можам да направам заради мојата висина, тоа ме засмејува.  Само кретени може да изведуваат заклучоци исклучиво врз основа на изгледот.“

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-9.jpg

Принц (157 cm)

Загрижен за неговата висина, иконскиот изведувач честопати носеше чевли со огромни потпетици и бираше исклучително ексцентрична гардероба. Тврдењата на Принц, пак, беа сосема поразлични.

„Велат сум носел штикли затоа што не сум висок. Јас всушност ги носам бидејќи на жените им се допаѓаат.“

Зборовите на покојната ѕвезда добија потврда преку мноштвото романси во кои беше плетен до прераната смрт.

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-10.jpg

Прочитајте и: Кои машки ѕвезди се меѓу највисоките во Холивуд?

М. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg