Најниските мажи во Холивуд: Кој има тешки комплекси поради сантиметрите?

Еден носи големи шешири. Друг, пак, одбира исклучиво чевли со високи потпетици. Трети не се оптоваруваат или дури прават шеги на лична сметка.

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-2.png

Кога се говори за холивудски ѕвезди, посебно за припадниците на посилниот пол, вообичаено се мисли на мажи кои со убавината, харизмата или талентот успеале да освојат милиони луѓе ширум светот.

Некои од нив станаа и легенди, иако не ги исполнуваат сите критериуми да бидат мачо фраери. Од таков статус ги делат низа сантиметри, коишто им недостасуваат од висината. Сепак – тие изградиле кариера во музиката и филмот.

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-3.jpg

Но, дали самите ги имаат надминато комплексите поради сантиметрите? Ова се сториите за дел од најниските мажи во Холивуд;

Том Круз (170 cm)

Глумецот не разговара со новинарите за висината. Од нему позната причина, одлучил дека за него темата е болна. Кружат гласини дека носи чевли со повисоки потпетици, а наложува да биде фотографиран од одредени агли, така што нема да изгледа понизок од останатите на сликата.

Една од неговите поранешни сопруги, Никол Кидман, која е цели десет сантиметри повисока од Том Круз, само додаде масло на оганот. Во интервју за медиумите, славната оскаровка го изјави следното:

„Замислите колку беше непријатно секојпат кога заедно ќе се појавевме во јавност. Верувајте ми дека Том никогаш не се насмевна заради нашата разлика во висината.“

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-4.jpg

Ал Пачино (165 cm)

Висината никогаш не му пречела на легендарниот Ал Пачино. Меѓутоа, поради неа речиси ќе останел без пресудната улога во неговата кариера. На јавната расправа за филмот „Кум“ пред две години, актерите се потсетија на детали од минатото.

Тогаш исплива на површина информацијата дека продуцентите од студиото Paramount всушност биле против изборот на глумецот затоа што е низок. Тие го посакувале високиот и згоден Роберт Редфорд, ама режисерот одлучил да му пружи прилика. Останатото е историја.

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-5.jpg

Бруно Марс (170 cm)

Комплекси навидум нема ни светски познатиот изведувач Бруно Марс. На една од ревиите на Victoria's Secret, тој не направи никаков проблем, а окружен беше со високи манекенки.

Можеби во прилог на неговата самодоверба оди признанието од магазинот People, каде се најде на листата за најсекси мажи. А, која е неговата формула да делува повисоко одошто навистина е?

„Јас сум низок и тоа го имам на ум. Носам високи шешири со широк обод. Ова ме прави повисок.“

najniskite-mazhi-vo-holivud-koj-ima-teshki-kompleksi-poradi-santimetrite-6.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg