Што прават денес ѕвездите од хрватската серија „Zabranjena ljubav“?

Марија Кобиќ (Ива)

Таа беше најмладата членка во големата актерска постава на „Zabranjenа ljubav". Ја глумеше Ива Лончар, келнерката која сиот живот е во потрага по личниот идентитет.

Се чини дека сценариото било делумно инспирирано и од темпераментот на самата глумица, бидејќи после три години поминати на сетот, одлучи да ја напушти серијата и да се посвети на патувањата низ средна и јужна Америка.

Марија Кобиќ денес го има прошетано речиси целиот свет, студира филозофија и култура на религиите и истакнат член е на Хрватскиот истражувачки клуб. Паралелно се занимава со јога и танц, а позната е и како вистинска еколошка активистка, па низ градот патува исклучиво со велосипед.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-9.png

Филип Риџички (Матија)

И тој имаше своја забранета љубов во сапуницата. Матија Лончар не смееше да биде со Лана Кос, бидејќи неговиот брат беше обвинет за убиство на нејзиниот татко. Расплетот на судбината на ликот е можеби поневеројатен и од заплетот.

Одлучи да замине на факултет во Лондон, се запозна со девојка, па се пресели во Австралија и стана родител на близнаци. А, во реалниот живот, Филип Риџички го напушти снимањето и се запиша на Академија.

Со текот на времето, глумецот стана еден од најбараните. Моментално е ѕвезда во серијата „Crno-bijeli svijet", но и на бендот Lika Kolorado, кого медиумите го прогласија за  нова „инди сензација“.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-10.png

Петра Куртела (Лана)

Ако постои лик од „Zabranjenа ljubav“ што пројде низ невидена трансформација, тогаш тоа секако е Лана Кос. На почетокот од серијата беше девојка од „нормално“ семејство, кон средината остана трудна, па тешка наркоманка, за на крајот да заврши како проститутка.

По преживувањето на ваквата емотивна драма во серијата, Петра Куртела се запиша на Академија и стана глумица, постигнувајќи значителен успех на театарската сцена. Се докажа и на филм, играјќи во "Sieranevadа" на познатиот романски режисер Кристи Пуиу.

Со сопругот Игор Бановиќ го имаат синот Релја, а посебна наклонетост ужива кај хрватските модни дизајнери, кои ја обожаваат и во чии кампањи неретко се појавува.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-11.png

Андреј Дојкиќ (Александар)

Од тинејџерските години се занимавал со фотомоделство и работел во Њујорк, ама поради желбата за глума се вратил во Хрватска, по што набрзо ја добил првата улога во „Zabranjenа ljubav". Во серијата беше Александар Бариќ, љубовник на многу постарата дама Викторија Новак.

Налик на останатите колеги, се откажа од снимањата поради упис на Академијата за драмски уметности. Александар Дојкиќ ги подзаборави сапуниците на професионален план, но затоа продолжија да го го следат во приватниот живот, благодарение на медиумски испратените врски со Петра Санадер и Орнела Виштица.

Кога лудите млади години ги остави зад себе, целосно го смени компасот. Јавноста дозна дека со партнерката Инес Цвјетовиќ добиле ќерка во очи на нејзиниот прв роденден. Потоа, разбирливо, повеќе сакаше да зборува за работата, бидејќи има со што и да се пофали, како улогите во „Dobrе namjere“ и „Čistа ljubav“, односно филмот „The Match" од Јаков Седлар.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-12.png

Антонија Шола (Тина)

Тогашната пејачка во подем го толкуваше ликот на проблематичната Тина Фијан. Истовремено на проектот се потпиша и како авторка на насловната тема „Srce nije kamen“, којашто ја исполни нашата најголема ѕвезда Тоше Проески.

Песната стана огромен хит во регионот и го означи почетокот на нивната плодна соработка, како и со други познати изведувачи од поранешна Југославија. Пред крајот на серијата, Антонија Шола веќе беше потполно посветена на музиката.

Оттогаш има издадено пет студиски албуми и сними мноштво видео спотови. Паралелно магистрираше социологија и хрватска култура.

shto-pravat-denes-dzvezdite-od-hrvatskata-serija-zabranjena-ljubav-13.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg