На Бекам му мрда опашот
- Детали
- среда, 01 декември 2010
По последниот обид, Бекам да го поврзат со проститутка од босанско потекло (Ирма Ници), згодниот фудбалер е мета на нови трачеви и уште едно вонбрачно...
...дружење. Имено, како што наведува американскиот таблоид In Touch, станува збор за девојка која работи како продавачка на секси облека во продавница во Лос Анџелес.
Продавачката им ги покажувала СМС пораките кои Бекам и ги праќал редовно и може слободно да се каже дека нивното забавување траело неколку месеци.
Познатиот фудбалер во моментов се суди со медиумската куќа Бауер, затоа што го објавија трачот за дружење со проститутката Ници.
Оваа тужба е тешка 16 милиони фунти, а новите детали за аферите на Бекам само се редат...
Дали и после овој скандал Вики ќе остане рамнодушна?