Има син со актерот кој го глумеше Лукас - Факти за Жаде од „Клон“
- Детали
- сабота, 02 март 2024
И во реалниот живот била вљубена во актерот што го глумеше Лукас, а имаат и син. Џована Антонели, попозната Жаде од „Клон“ изгледа како времето да запрело за неа, а работи и како водителка и продуцентка.
Се сеќавате ли на Жаде од серијата „Клон“?
Оваа серија беше многу популарна во 2000-тите, но и денес се памети и споменува.
Актерката Џована Антонели Прадо ја имаше улогата на Жаде, еден од главните ликови во серијата.
Жаде тогаш беше симбол за убавина и грациозност.
фото: Фејсбук
Џованa е родена на 18 март во Рио де Жанеиро и денес има 47 години.
Работи како актерка, водителка и продуцентка.
Иако е родена и живее во Бразил, Џована има корени од Италија.
Татко ѝ е оперски пејач, мајка ѝ балерина, па не е ни чудо што и таа се занимава со уметност.
Нејзиниот брат, пак, работи како адвокат.
Пред камера првпат застанала кога имала 15 години и се појавила во детска емисија, а само три години подоцна дебитирала како актерка во сапуница.
Најмногу играла во сапуници и истите ѝ донеле голема слава.
Сепак, најмногу популарност ѝ донесе улогата на Жаде.
На 25-годишна возраст се заљубила во бизнисменот Рикардо Медина, кој го запознала во средношколските денови, но по неполни 2 години се разделиле.
Набрзо потоа се заљубила во колегата Мурило Бенисио, кој во серијата „Клон“ ја имаше улогата на Лукас.
Распламтените искри од приватниот живот ги пренеле и пред камерите.
Во мај 2005 година го добија синот Пјетр, кој за Џована е прво, а за Мурило второ дете.
Но, во ноември истата година ја завршија својата љубовна приказна.
Иако е речиси на прагот на шестата деценија, Џована се вбројува меѓу жените кои стареат како виното, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објавува на својот Инстаграм профил, каде ја следат скоро 20 милиони следбеници.
Воопшто се нема променето и лесно би ја препознале.
Повеќе фотографии од неа погледнете на следната страница...
Би можело да ве интересира:





