Без ботокс и филери: Ѕвездата од „Sex And The City“ ги покажа брчките на лицето
- Детали
- четврток, 04 април 2024
„Почнав да ги разградувам филерите, затоа што луѓето безмилосно ми се потсмеваа“ – рече минатата година познатата актерка, Кристен Дејвис. Таа покажа како изгледа сега без ботокс и филери на лицето, откако претходно ги зачуди сите со пластичниот и вкочанет изглед.
Речиси една година откако ѕвездата на Sex And The City, Кристин Дејвис (59) јавно призна дека започнала процедура за разградување на филерите, затоа што беше мета на критики заради отеченото лице и уста, таа објави фотки со кои покажа како изгледа навистина.
Актерката во повеќе наврати во изминатиот период беше во посета на Кенија, а секојпат оттаму објавува фотки на кои косата ѝ е во природно, виткано издание, наместо, исфенираната права фризура со која сме навикнати да ја гледаме.
Освен тоа, на фотките за првпат по подолго време може да се види вистинското лице на актерката со брчките околу устата, челото и вратот, што е сосема нормално, ако се земе предвид дека таа е на прагот на седмата деценија од животот.
Инаку, минатата година Кристин даде изјава за The Telegraph, каде јавно призна дека имала филери на лицето и на усните, но дека не го постигнала очекуваниот ефект.
„Почнав да ги разградувам филерите, затоа што луѓето безмилосно ми се потсмеваа. И плачев заради критиките, тоа беше многу стресно. Никој не ми кажа дека не изгледам добро претходно“ – рече актерката.
Погледнете во продолжение како изгледа актерката без ботокс и филери:
https://www.instagram.com/p/C1nHZndSnHI/?img_index=1
https://www.instagram.com/p/C1AoCk6yrOM/?img_index=1
https://www.instagram.com/p/C0Uwb6YSQvr/
https://www.instagram.com/p/C3QcnKtvtX7/?img_index=1
https://www.instagram.com/p/CwieYRpNHzN/
Б. С. Б. | Црнобело