Потекнува од видно семејство, фатена во измама: Очајната домаќинка на суд - „Виновна сум“
- Детали
- вторник, 14 мај 2019
Очајната домаќинка низ солзи ја призна својата вина во скандалот со местење резултати на колеџ. Ѝ се предвидува казна од 4 месеци затвор.
Фелисити Хофман покажа емоции пред судот кога се изјасни како виновна. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ плачеше додека ја признаваше својата улога во скандалот со измама и мито на тестови за резултати за колеџ.
56-годишната актерка вели дека ја прифаќа одговорноста за своето дела.
За неа е препорачана казна од 4 месеци затвор и парична казна од околу 20.000 долари. Нејзината казна ќе биде изречена во септември.
Некои од луѓето кои исто така беа вклучени во измамата тврдат дека се невини, за разлика од Хофман која овојпат одлучи да биде искрена.
Факти за Фелисити Хофман:
Родена е во богато семејство во Њујорк, татко ѝ бил банкар.
Нејзините родители се развеле 1 година откако се родила, ја одгледала мајка ѝ и има 6 сестри и 1 брат.
Нејзините прадедовци биле многу, многу видни и значајни луѓе, а таа се образувала во врвни приватни едукативни установи.
Во брак е од 1997 година, има две ќерки, а скандалот со местенката на колеџот се врти околу резултатите на нејзината постара ќерка.
С. С. | Црнобело