Шарлиз Терон за син ѝ кој носи фустани: „Моето дете за кое мислев дека е момче - е девојче“
„Сметам дека да имаш блиска врска барем со еден од своите родители е вистински благослов. Пред мене имав пример за тоа каква може да биде една жена.
Сè што стори во животот мајка ми го стори затоа што немаше друг начин. Таа и кога стануваше во 6 часот наутро за да ги молзи кравите, не плачеше поради тоа, само го правеше тоа.
Кога татко ми почина одеднаш бевме во огромни долгови и секоја банка нè бркаше. Таа се погрижи за тоа. Но, не е случи преку ноќ. Ѝ беа потребни 5 години, но успеа во тоа.
По смртта на татко ми, таа ја презема неговата градежна фирма. Најголемиот дар што ми го даде е глетката како става моќен оклоп и влегува храбро на состанок со 8 мажи и продолжува со шоуто. Се сеќавам дека си мислев: „И јас сакам да бидам таква!“, вели Терон.