Шарлиз Терон за син ѝ кој носи фустани: „Моето дете за кое мислев дека е момче - е девојче“

Нејзиниот 7-годишен син носи фустани, здолништа и плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-01.jpg

Актерката Шарлиз Терон има уникатен пристап кон родителството. Таа своето постаро дете 7-годишниот син Џексон, кој е посвоен како бебе и е момче, го одгледува како девојче.

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-16.jpg

Со години фотографите го ловат Џексон како шета во фустани и здолништа со долга коса во плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-15.jpg

Шарлиз во едно неодманешно интервју проговори на темата:

„Да и јас исто така мислев дека е момче. Сè додека на 3-годишна возраст не ме погледна и не ми кажа: „Јас не сум момче“. Па, ете, сега имам две прекрасни ќерки, кои како и секој родител сакам да ги заштитам.

Тие се родени такви какви што се и како ќе израснат во овој свет и што сакаат да бидат, не е мое да одлучувам.

Мојата работа како родител е да ги славам и да ги сакам и да се осигурам дека имаат сè што им е потребно за да бидат тоа што сакаат да бидат.

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-03.jpg

И ќе сторам сè што е во моја моќ за моите деца да го имаат тоа право и да бидат заштитени.

Можеби мојата мајка е виновникот за тоа. Јас пораснав во земја каде луѓето живееја во полу-вистини и лаги и шепотат и никој ништо не кажува директно што мисли, а јас бев воспитана спротивно од тоа.

Мајка ми ме учеше дека треба да зборувам отворено и кога животот ќе дојде до крајот да знам дека сум живеела во вистина, да ми биде пријатно и дека ништо негативно не може да излезе од тоа.“

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-17.jpg

Шарлиз имала тежок живот на фарма во Јужна Африка, измачувана од таткото алкохоличар кој редовно ја тепал нејзината мајка Герда.

ispoved-na-sharliz-teron-moeto-dete-za-koe-mislev-deka-e-momche-e-devojche-14.jpg

Кога Шарлиз имала 15 години се случил трагичен настан и мајка ѝ Герда во самоодбрана го застрелала татко ѝ.

Што мисли Терон за потегот на својата мајка на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg