Чудната љубовна приказна на Мис Хрватска и 25 години постариот украински бизнисмен (фото)
- Детали
- четврток, 28 февруари 2019
Хрватката, која ја споредуваат со Адриана Лима, во 2016 година се венча тајно, без нејзиното семејство, по само неколку седмици состанување...
Мелита Фабечиќ работи како модел, а во 2013 година беше прогласена за Мис на Хрватска. Таа по кратка врска со 25 години постариот украински бизнисмен, сопственик на спортски клуб, на модна агенција, како и политички активист Олександар Oнишченко стапи во брак.
Во тој период изјави дека со Oнишченко се запознале за време на едно патување, кога го импресионирала бизнисменот со својата способност за јавање на коњи. Во неговиот коњанички клуб успеала да го скроти неговиот коњ кој по природа бил див и така го освоила бизнисменот, кој е познат по тоа што секогаш е во друштво на прекрасни жени.
Убавицата од Загреб вели дека тој ја запросил на хрватски и било навистина романтично. Парот тајно се венчал во 2016 година, но не ги издржаа брачните предизвици и Мелита се отсели од нивниот семеен дом во Киев.
Мелита не сака да говори многу околу распадот на бракот, а во една пригода ѝ се испушти дури дека не смее. Изгледа има потпишано предбрачен договор во кој гарантира дека нема да споделува детали.
Мелита се врати во Загреб во станот на мајка ѝ, додека Oнишченко патува низ светот и се забавува со ликови од типот на Леонардо ди Каприо, Парис Хилтон и Наталија Водјанова.
Тој веќе некое време е во бегство од својата татковина Украина поради нелегални зделки и живее во Шпанија, Германија и други европски држави. Обвинет е и за корупција.
Во јануари 2018 дури и објави книга во Германија во која говори за тоа како се купуваат гласови во Украина и како функционира сè.
Како живее Онишченко сега, погледнете на следната страна...
Би можело да ве интересира:





