Ева, Џесика или Деми?
- Детали
- петок, 29 октомври 2010
Во Лос Анџелес е одржано претставување на кратки филмови Glamour Reel Moments, а главни ѕвезди на настаните беа 3 комплетно различни актерки...
...– Деми Мур, Ева Мендес и Џесика Бил.
Единствено нешто заедничко таа вечер беа нивните црно-бели комбинации.
Меѓутоа која изгледала најдобро на црвениот килим?
1. Џесика Бил, позната е по својата елеганција и гламур. Најчесто носи долги фустани и дамски креации. И покрај убавото тело Џесика многу ретко игра со секси изглед. На прв поглед овој фустан со чипка може ќе ви делува здодевно, но изгледа елегантно и потајно секси.
2. Нејзината постара колешка Деми Мур се одлучила за малку повеќе сексипил. Црни кожни панталони со широка долга кошула. Таа одбрала црн градник со подлабоко деколте.
3. Ева Мендес е позната како секс бомба, но на црвениот тепих таа е вистинска дама. Често носи бели фустани и со боја на кожата, но знае да изненади и со силни бои. Овој пат одбрала фустан без прерамки украсен со кристали.
Која од овие 3 убавици е вашиот избор?