Зошто Анџелина Џоли со години не ја поднесува Шарлиз Терон?

Бред Пит очигледно ја преболе својата животна љубов, ама за нова девојка ја одбра колешката која неговата бивша жена не може ни да ја смисли.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-1.png

Актерот наводно повеќе од месец дена излегува со русокосата Шарлиз Терон. Светските медиуми се преполни со наслови дека тие се лудо вљубени еден во друг.

Дури проструи веста и дека ги запознал Шон Пен, поранешниот свршеник на оскаровката.

Од друга страна, бившата сопруга на Бред Пит од поодамна чувствува нетрпеливост кон неговата моментална избраничка. 

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-2.jpg

Зошто Анџелина Џоли со години не ја поднесува Шарлиз Терон?

Бидејќи смета дека ја копира во сѐ што таа прави, како и дека се натпреварува со неа, што се однесува до кариерата, занимавањето со хуманитарна работа и посвојувањето деца.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-3.jpg

И двете се добитнички на Оскар, хуманитарно ангажирани во мисиите на Обидинетите нации, како и мајки со посвоени деца.

Меѓутоа, тешко им е да пронајдат заеднички јазик. Повеќепати се имаат скарано поради улоги во филмови.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-4.jpg

Првата голема војна избила при кастингот за римејкот на „Murder On The Orient Express“, но на крајот на ниедна од двете не ѝ припаднала улогата.

Шарлиз Терон одби да глуми во филмот „The Tourist“, по што Анџелина Џоли одлучи да прифати да ја замени.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-5.jpg

Според добро упатени извори, непријателството меѓу актерските диви трае долго време, а од 2014 година не го кријат ниту од јавноста.

Шарлиз ја разбесни изјавата на Анџелина за тогашната врска со Шон Пен, која ја нарече „катастрофа“ и прогнозираше дека „лошо ќе заврши“.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-6.jpg

А, каков ли коментар ќе има сега, кога лутата ривалка ужива во прегратките на некогашниот сопруг и татко на нејзините деца?

Бред Пит и Шарлиз Терон уште се немаат официјално произнесено во однос на нивната романса, па останува да следиме што ќе се случува во иднина.

zoshto-andjelina-djoli-so-godini-ne-ja-podnesuva-sharliz-teron-7.jpg

Прочитајте и Прво појавување на Анџелина Џоли по веста дека Бред Пит се состанува со Шарлиз Терон!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg