Пиење сопствена урина, третман со пијавици - најбизарните здравствени трендови на познатите

Историјата е полна со бизарни здравствени навики. Во минатото дури и јадењето сомелени мумии или правењето домашен лек од делови на телото, како што наводно правел Чарлс Втори било сосема прифатлив начин на лекување.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite-01.jpg

Исто така, се практикувало и мирисање измет, што наводно бил начин за да се изборите против чумата. За среќа, веќе ги имаме надминато овие суеверија и денешните трендови во здравјето се чинат сосема здрави и логични во споредба со историјата.

Сепак, модерните трендови, а особено трендовите за здравје на познатите личности сè уште знаат да бидат чудни.

Некои од примерите на холивудските ѕвезди во продолжение се навистина бизарни, некои звучат претерано, а некои ексцентрично. Но, сите укажуваат на етносот од којшто потекнуваат и за популарните бабини деветини втемелени во народната традиција:

Сара Мајлс ја пие сопствената урина

Познатата британска актерка практикува уреотерапија, односно пиење на сопствената урина.

Како што објаснува таа, урината е чиста супстанција, бидејќи е прочистена од крвта и од бубрезите пред да го напушти телото, а во неа останува значителен дел витамини коишто се исфрлаат како непотребни.

Таа вели: „Доколку се храните здраво и урината ќе има добар вкус“.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (8).jpg

Гвинет Палтроу и терапијата со каснување од пчела

Гвинет Палтроу има сопствен бренд за здравје и лајфстајл, наречен Goop, карактеристичен по тоа што има прилично хипи-пристап кон здравјето, а превисоки цени на производите.

Таа практикува сопствен тренд за здравје, којшто се нарекува апитерапија. Се користи за отстранување на воспаленија и лузни и наводно многу добро функционира, но е и многу болно, бидејќи треба да дозволите да ве касаат пчели.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (4).jpg

Гвинет Полтроу (повторно) и медуза-чашите

Актерката се има појавено на елегантен гала-настан со кружни отпечатоци на нејзината кожа.

Всушност, тоа биле испукани капилари од терапија со стаклени чаши коишто се нанесуваат на телото и притоа создаваат вакуум на кожата. Оваа кинеска терапија се користи за подобрување на циркулацијата, стимулирање на нервниот систем и отстранување на вишок течности од лигаментите.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (5).jpg

Шајлин Вудли ја сонча својата вагина

Таа вели дека сака да ѝи дава витамин Д на својата вагина со сончање.

Читала дека според некои хербалисти, инфекциите на јајниците и останатите генитални проблеми најдобро се лекуваат со витамин Д.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (1).jpg

Боби Браун се „смрзнува“

Сите знаеме за позитивните ефекти на сауната, но крио-терапијата (привремено замрзнување), е нов бизарен тренд во здравјето. Се тврди дека ги намалува воспаленијата, ја подобрува циркулацијата и го подобрува метаболизмот.

Боби Браун вели дека се чувствувала одлична веднаш после терапијата, но не е сигурна дали тоа не е само затоа што повеќе не ѝ било ладно.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite_2.jpg

Ким Кардашијан направи третман на лице со сопствената крв

Во 2013 година, Ким Кардашијан практикуваше вампирски третман за лице.

Третманот се состои во тоа што прво ви се вади крв, а потоа крвта се врти во центрифуга за да се добие плазма која потоа се инјектира во кожата или се нанесува во вид на маска.

Ким изјавила дека никогаш повторно нема да го направи овој третман, бидејќи бил премногу болен.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (6).jpg

Деми Мур практикува третмани со пијавици

Според некои медицински лица, пијавиците имаат антимикробиолошки и антикоагулирачки ефект при каснувањето, а тоа наводно има одлични антивоспалителни ефекти и може да се користи како третман за остеопороза.

Некои експерти дури велат дека плунката од пијавицата има антиканцероген ефект. Деми Мур ја пробала оваа терапија во Австралија и тврди дека ја детоксифицира крвта.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (3).jpg

Мајим Биалик јаде плацента

Многу животни, меѓу кои и кучињата ја јадат својата плацента после породувањето. Актерката и неврологот Мајим Биалик е поддржувач на процедурата и се бори ова да им прејде во навика и на луѓето.

Таа тврди дека е добро за цицачите да јадат плацента. Некои луѓе ја јадат сомелена во зеленчукова супа, а некои ја блендираат со овошје.

Najbizarni-zdravstveni-trendovi-na-poznatite (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg