Гага имитира покојна девојка?
- Детали
- понеделник, 13 септември 2010
Yana Morgana е жената која тврди дека Лејди Гага е славна само заради нејзината покојна ќерка Лина Моргана. Лина, 19 годишна уметница, извршила...
...самоубиство во 2007-ма година.
Таа се дружела со Гага (тогаш Стефани Германота). Мајката на Лина раскажува дека Лина имала необичен, провокативен стил кој ја инспирирал Стефани да стане Лејди Гага.
Гага сега барала да ја објави песната која ја имале снимено заедно со Лина:
“Го дозволувам ова само затоа што сакам нејзиниот дух да се одржи во живот. Лејди Гага ја чува нејзината душа, а јас сакам таа да се ослободи“.
Скршената мајка Јана додава и дека Гага во целост ја ископирала нејзината сега покојна ќерка:
“Начинот на кој зборува е ист како Лина. Зборува за својот тежок и трагичен живот, а имаше се’ што ќе посака. Одеше во средно училиште со Ники Хилтон, нејзините родители се богати“.