„Опасна е за себе и за другите“ – Врвен психијатар тврди дека на Бритни под итно ѝ треба ново старателство
- Детали
- вторник, 30 април 2024
„Не ме изненадува нејзиното однесување, затоа што легалното старателство беше спроведено со причина. Дисфункционална е...“ – вели познат холивудски психијатар. Според него, ако Бритни под итно не се врати под надзор, можни се само 3 исходи.
„Помина многу време откако сум имала свои пари“. Ова беа зборовите на Бритни Спирс за време на рочиштето кога се бореше за ослободување од легалното старателство на татко ѝ Џејми.
Но, 2 и пол години по ослободувањето, светските медиуми пишуваат дека таа е целосно дисфункционална и на чекор до банкрот.
„Таа нема никаков концепт за пари.
Повеќе од една деценија, другите луѓе беа задолжени за нејзините банкарски сметки, и сè што ќе купеше таа мораше да го пријави во суд – дури ако стануваше збор и за гуми за џвакање.
Но, сега таа е оставена сама на себе“ – велат извори блиски до пејачката за Page Six.
Наводно, нејзините блиски се загрижени, но никој не сака да ја критикува за пејачката повторно да не се чувствува како да е под легално старателство.
Сепак, со ова темпо лесно би можела да ги потроши 60-те милиони долари со кои располага.
Скапи патувања, непристојни разголени фотографии и видеа, развод со сопругот Сем Ашгари, бришење на профилот на Инстаграм, па повторно активирање во еден ден…
Ова се само дел од работите што ги видовме од Бритни во изминатите две и пол години.
Според извештаите, таа троши околу 1 милион долари на секое скапо патување, а ако продолжи вака, наскоро ќе го исцрпи целото богатство што го поседува.
Освен тоа, извори блиски до неа тврдат дека таа има постојано напади и променливо расположение, кое е неподносливо.
Познатиот холивудски психијатар Чарлс Софи во изјава за TMZ вели дека од ова што го гледаме од нејзините објави, јасно е дека Бритни е целосно дисфункционална и дека е во сериозна опасност да остане без пари.
Тој вели дека воопшто не е зачуден од однесувањето на поп-ѕвездата и дека според него, таа повторно треба да биде ставена под легално старателство.
„Не воопшто не ме изненадува нејзиното однесување, затоа што легалното старателство беше спроведено со причина, и можеби, старателот не бил вистинската личност, но самиот процес треба да постои.
Кога имате ментално нарушување до овој степен, потребна ви е ваква структура, надзор, и најважно, да ги земате лековите“ – вели тој.
Според него, неконтролираното однесување на Бритни се должи најверојатно на тоа што таа не ги зема лековите што ѝ се препишани.
„Заради непромисленото однесување, маничното трошење на пари, невнимателноста, уништувањето на луѓето околу неа, никој не може да се чувствува безбедно покрај неа, никој не може да ја контролира, таа е надвор од контрола, на секое ниво“ – вели психијатарот.
Според него исходот на оваа ситуација е јасен, или ќе се повреди сама себе, или ќе повреди некој друг, или на крај ќе заврши во институција затоа што не може да се грижи за себе.
Прочитајте и Нови морничави тврдења за Бритни Спирс: Го напаѓа сопругот, спие со нож под кревет и не зборува со децата
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





