Трауми од детството: Славни личности кои биле малтретирани од врсниците

Џастин Тимберлејк

Тешко е да се замисли дека една од најпосакуваните тинејџерски ѕвезди во ’90-тите, а подоцна пејач и глумец со сериозна кариера, некогаш бил момче кое не го сакале врсниците. Примајќи ја наградата за иноватор на iHeartRadio Awards во 2015 година, Џастин Тимберлејк го даде следниот говор:

„Додека раснев, никој не ме нарече иноватор на училиште. Напротив. Ми викаа дека сум поинаков и чудак, како и неколку други зборови кои не се примерни да ги кажам на телевизија. Благодарен сум ѝ на мојата мајка, која ме научи дека различноста е добра работа. Кога сте различни, поседувате моќ да направите суштинска разлика во светот. Затоа вечерва сакам да ѝ се заблагодарам на мајка ми.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-12.jpg

Џенифер Лоренс

Оскаровката која не се плаши јавно да го искаже личниот став, во минатото била замолчувана и понижувана од врсниците. Не можејќи да го поднесе притисокот, се селела од едно во друго училиште. Џенифер Лоренс нерадо се сеќава на тинејџерските години, што го потврди и за Fox News:

„Често менував училишта додека бев во основно школо, бидејќи дел од децата беа претерано злобни кон мене. Особено девојчињата.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-13.jpg

Кристина Агилера

На неа болката ѝ послужи како инспирација да ги испее најголемите хитови во музичката кариера. Воедно, стиховите на Кристина Агилера се и охрабрување за сите оние кои се на исти или слични маки како нејзините:

„Дефинитивно имам искусено секакви облици на насилство. Затоа и ми беше важно да ги напишам песните „Beautiful“ и „Fighter". Албумот „Lotus“, пак, симболично го посветив на цветот што го издржува тестот на времето.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-14.jpg

Барак Обама

Поранешниот претседател на САД е првиот политичар со афроамериканско потекло што се најде на оваа позиција. Говорејќи за врсничкото насилство во училиштата, Барак Обама призна во една пригода дека и самиот бил жртва на малтретирање:

„Како возрасни луѓе, сите се сеќаваме на сцените кога едни деца малтретираа други низ ходниците или во дворот на училиштето. Со големите уши и името кое го имам, ниту јас не бев имун, а ни поштеден од задевање.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-15.jpg

Џесика Алба

Како и мнозинството холивуски имиња, така и занесната убавица млада се проби на филмската сцена. Во даденото интервју за британскиот весник Daily Mail, пак, Џесика Алба откри дека средношколските денови не ѝ биле ни малку среќни и прекрасни:

„Толку многу ме малтретираа, што мораше татко ми да ме брани. Тој ме испраќаше до училиште за да не бидам нападната. Ручав во школската амбуланта, само да не мора да седам со другите девојки. Покрај тоа што сум од мешана раса, моите родители немаа пари, па никогаш не носев убава облека или штосен ранец.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-16.jpg

Принцот Хари

Многумина претпоставуваат дека никој нема храброст нешто да му противрече на член од кралското семејството, а камоли да се потсмева со него. Меѓутоа, дури и синот на Чарлс и Дијана се соочил со подбивање од врсниците.

Причината? Неговата портокалова коса, откри близок извор за Daily Mail.

„Во армијата го нарекуваа „портокалов магнет за куршуми“, па дури и  носеа перики со црвена боја, наводно за да ги збунат непријателите околу вистинскиот идентитет на принцот. Нему воопшто не му беше пријатно.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-17.jpg

Мајли Сајрус

Младата пејачка и актерка им стана идол на најмалите, благодарение на ликот Хана Монтана. Таа самата, пак, морала да се одбрани од нападите на врсниците на училиште, иако била немоќна.

Во книгата „Miley Cyrus: Miles To Go", Мајли Сајрус се исповеда дека во тинејџерските години се чувствувала мизерно и осамено:

„Додека учев во Тенеси, постојано бев задевана од соучениците. Стравував дека вербалните конфликти ќе прераснат во физички. Нивното малтретирање ги прејде границите на нормалата. Девојките беа крупни и тешки, а јас ситна и ниска. Можеа да ми нанесат сериозни повреди на телото.“

traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-18.jpg

Мајкл Фелпс

Американскиот пливач поседува рекордни 28 олимписки медали. Неговите родители се развеле кога имал само девет години, па пливањето му претставувало своевидно бегство и терапевстско искуство. Сепак, детството на Мајкл Фелпс му го загорчиле постојаните навреди од врсниците:

„Другите деца ме исмеваа поради ушите. Тоа ми беше голема фрустрација во младоста. Но, кога еден ден се вратив во родниот град, тие исти луѓе беа желни да направат муабет со мене. Си помислив: „А, сега ми зборувате, така? Некогаш ми се мајтапевте!“

 traumi-od-detstvoto-slavni-lichnosti-koi-bile-maltretirani-od-vrsnicite-19.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg