Били Боб Торнтон проговори за контроверзниот брак и развод со Анџелина Џоли

Од носење на ѓердани со крв околу вратот до јавно изразување на емоции и страст на црвениот килим, нивниот брак ги полнеше насловните страници.

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-01.jpg

Били Боб Торнтон (62) во едно неодамнешно интервју проговори за бракот со Анџелина Џоли (43). Тие беа заедно од 2000 до 2003 година, нивниот брак беше во фокусот на медиумите, а денес се сè уште пријатели.

Во интервјуто тој изјави:

„Енџи сè уште ми е пријателка и таа е прекрасна личност, која прави многу. Создава филмови кои ѝ се важни, без разлика дали тие ќе успеат или не, сè уште го прави тоа во кое верува и јас секогаш ќе ја почитувам поради тоа.“

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-05.jpg

За хаосот во медиумите што го предизвикуваше нивниот брак тој вели:

„Многу од работите кои се пишуваа беа претерани. Нашиот брак не беше толку луд како што луѓето сакаа да мислат. Ѓерданите со крв кои ги носевме беа едноставна работа. Одлучивме еј ајде ќе ги боцнеме нашите прсти со пенкало да излезе малку крв за да ја ставиме во шишенце на вратот и да ја носиме секој пат кога ќе бидеме разделени. Толку беше едноставно, но кога излезе во медиумите изгледаше како да носиме по кофа крв околу нашите вратови.“

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-08.jpg

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-06.jpg

За причината за развод Торнтон открива:

„Ние едноставно имавме поинакви животни стилови. Таа сакаше да живее глобално, а јас имав агрофобичен стил на живот, сакав да сум дома. Тоа е единствената причина поради која не сме заедно. Сакавме да тргнеме по различни патишта во животот.“

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-04.jpg

Во една пригода тој изјави дека причина за разводот било и тоа што сметал дека не бил доволно добар за неа, но не сакал да се промени затоа што е таков каков што е.

Били сега е во брак со Кони Енгланд со која има 13-годишна ќерка.

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-10.jpg

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-03.JPG

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-07.jpg

bili-bob-tornton-progovori-za-brakot-i-razvodot-so-andzelina-dzoli-02.jpg

Прочитајте и факти за бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит, кои можеби не ги знаевте!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg