И богатите плачат: Како славните жени го поднесоа разводот?

Дру Баримор (43)

При гостувањето во емисијата „Sunday TODAY with Willie Geist“ годинава, глумицата Дру Баримор откри како пронашла зрак светлина во темните мигови:

„Не барав работа. Престанав да глумам, затоа што сакав да ги израснам децата. Кога се разделив од нивниот татко, сѐ ми се промени во животот. Беше навистина тешко. Станав мрачна и преплашена. Откако добив сценарио за филм, прво што си помислив беше: „Мислам дека ова не е вистинското време.“ Звучи иронично, но сметам дека ме научи вредна животна лекција. Понекогаш, иако мислите дека нешто дошло во најлошо време, или, пак, дека е најлоша идеја, тоа всушност може да ве спаси и извлече од бездната. Ви дава нов фокус и охрабрување, оттргнувајќи ви ги мислите и грижите.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-7.png

Ким Бесинџер (64)

Зборувајќи за нејзиниот развод од Алек Болдвин, како и заедничката ќерка, актерката Ким Бесинџер даде и родителски совети за магазинот The Edit во 2016 година:

„Каков и да е, разводот секогаш тешко ќе му падне на детето. А, нашиот беше јавен и мачен. Затоа и ќерката ја одгледував на мошне неконвенционален начин. Сѐ што сакав е таа да биде слободна. Ако желба ѝ беше да ги викне другарчињата на гости, или, пак, да пишува по ѕидовите, тоа ми беше сосема во ред. Сакав нејзиното детство да биде полно со љубов, светлина, животни и пријатели.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-8.png

Ева Лонгорија (43)

После разводот од кошаркарот Тони Паркер, латино убавицата Ева Лонгорија паднала во тешка депресија. Таа ја отвори душата во емисијата на Доктор Оз од 2013 година:

„Ми се чини дека тогаш добив најмногу комплименти, затоа што бев преслаба. Не јадев. Бев депресивна. Бев тажна. Само кафе пиев. Луѓето постојано ми велеа: „Изгледаш фантастично! Разводот добро ти стои.“. А, јас во себе си мислев: „Не се чувствувам добро. Немам енергија.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-9.png

Памела Андерсон (50)

Во интервјуто за списанието W од 2016 година, Памела Андерсон беше сурово искрена за разделбата од Рик Саломон, но и сопствениот изглед дури беа заедно:

„Додека бев во таа ужасна врска, изгледав дваесет години постара. Знам дека звучи како клише, ама среќата навистина е поврзана со убавината. Мирот, спокојството и избегнувањето на стресот се мошне важни за да се чувствувате убаво и самоуверено. Сеедно е дали носите шминка, или, пак, не. Се сеќавам дека за време на едно снимање се погледнав во огледалото, па си помислив: „Која е оваа особа? Како си дозволив себеси вака да завршам?“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-10.png

Мараја Кери (48)

Ниту поп дивата не се прослави во брачнитe води. По разводот од Томи Мотола, истото ѝ се повтори и со раперот Ник Канон, иако станаа родители на близнаци. Мараја Кери не ја криеше разочараноста во разговорот за магазинот Complex во 2016 година:

„Никогаш не помислував дека ќе имам деца со некој од кого подоцна ќе се разведам. Но, тоа е животот. Така требало да биде. Заради моите деца, посакувам да не се завршеше на овој начин. Меѓутоа, сега веќе е готово.“

i-bogatite-plachat-kako-slavnite-zheni-go-podnesoa-razvodot-11.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg