11 начини на кои принцезата Дијана ѝ се спротивставуваше на кралицата
- Детали
- вторник, 08 мај 2018
Децата ги запиша во јавно училиште, а по веста за неверството на принцот Чарлс облече провокативен „фустан за одмазда“.
Принцезата Дијана беше легендарна и најверојатно никогаш повеќе нема да видиме толку храбра припадничка на кралското семејство.
Таа имаше слободен дух и живееше за своите деца, а не за тоа дали кралицата Елизабета ќе ги одобри нејзините постапки.
Како принцезата Дијана ѝ се спротивставуваше на кралицата?
Избра свршенички прстен од каталог
Дијана имаше 19 години кога се сврши со принцот Чарлс и живееше во духот дека парите не се важни, па не сакаше за неа да има специјално рачно изработен свршенички прстен.
Таа едноставно избра прстен од каталог, а сега тој прстен го носи Кејт Мидлтон.
Носеше свршенички фустан купен во последен миг
Иако, нам ни изгледа преслатко, овој изглед на Дијана се сметаше за еден од најконтроверзните. Наводно таа го купила фустан од Harrods во последен миг бидејќи била одбиена од ексклузивниот бутик Belville Sassoon затоа што не ја препознале дека е принцезата.
Потоа тие сфатиле за грешката и ја пречекувале со отворени раце, но било предоцна.
Одлучи да напише свои свадбени завети
Кога станува збор за кралските завети тие се традиционални. Кралицата Елизабета ја обожава традиција, но не и Дијана.
Таа напиша нешто свое од срце и изјави: „Јас не ги следам правилата. Мене ме води срцето, а не главата.“ Потоа истото го сторија и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Опседната беше со XXL парчиња облека
Принцезата Дијана не беше традиционална принцеза која секогаш се појавува во фустани. Нејзин препознатлив знак беа палтата, особено оние XXL, кои се во тренд и денес.
Кралицата не ја сакаше оваа навика на Дијана затоа што сметала дека една принцеза мора да носи облека во соодветен број за нејзиното тело.
Не сакаше да работи премногу
Неа на прво место ѝ беа децата и целиот распоред го правеше според нив. Обврските можеа да почекаат затоа што Вилијам и Хари ѝ беа приоритет.
Иако беше принцеза, таа секогаш прво беше мајка и не обожаваше кога треба да ги остава со дадилки.
Ги запиша децата во јавно училиште
Во британското кралско семејство децата традиционално не се испраќаат во јавни училишта, но принцезата Дијана инсистираше на тоа.
Принцот Вилијам е првиот наследник на трон што се едуцирал во јавно училиште.