Eye Cue блеснаа со холивудски гламур на синиот тепих на Евровизија (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 07 мај 2018
Македонските претставници даваа интервјуа, делеа автограми и блескаа со елеганција на синиот евровизиски тепих во Лисабон.
Eye Cue периодов престојуваат во Португалија и даваат сè од себе за да ја претстават Македонија и песната „Lost And Found“ во одлично издание, пред одржувањето на годинешната Евровизија на 8-ми мај.
Eye Cue не потфрли ниту на синиот евровизиски тепих, односно симболичното отворање на Евровизија, каде ги видовме со гламурозни стајлинзи во боја на мастило.
Бојан Трајковски носеше елегантен костим со црни детали, додека Марија Ивановска кусо фустанче на преклоп.
Дел од македонската евровизиска делегација годинава е и композиторот и продуцент Дарко Димитров, кој е дел од авторскиот тим на песната „Lost And Found“.
Тој на Инстаграм прикачи видео од пристигнувањето на синиот тепих на македонските претставници.
Настанот се одржа на платото пред Mузејот за уметност, архитектура и технологија „МААТ“ во Лисабон.
Дел од атмосферата на предевровизискиот настан:
С. С. | Црнобело