10 докази дека Анџелина Џоли живее со полн здив по разделбата од Бред Пит
- Детали
- четврток, 03 мај 2018
Холивудската актерка не прифаќа порази и граба од животот. Таа купи нов дом, се запиша на часови по готвење, интензивно работи на нови филмови и на хуманитарни акции низ целиот свет.
Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа како совршен пар, но за жал сè се сруши како кула од карти и во септември 2016 година објавија дека се разведуваат.
Парот има 6 деца заедно, а Џоли отворено призна дека не го обожава фактот што е сингл.
Сепак, таа се фокусираше на нејзините деца и на кариерата и живее живот со полн здив:
Купи дом што му припаѓал на познатиот филмски режисер Cecil B. DeMille
По 9 месеци минати под кирија, откако се раздели од Бред Пит, Џоли купи прекрасна вила со тревници, фонтани и базен.
Таа изјави дека на нејзините деца им е потребна нова база, нов дом.
Направи филм според мемоарите на една нејзина пријателка
Таа имаше полни раце работа и го режираше филмот „First They Killed My Father“, чие дејство се одвива во Камбоџа и е вистинска приказна според мемоарите на Loung Ung.
Се посвети на нејзините деца
Џоли вели дека има угорнини и падови, но дека улогата на мајка ѝ е најважна и дека нејзините деца секогаш и се на прво место.
Периодов комплетно се фокусираше на нивните потреби.
Ги однесе и на патување во Париз.
Потоа нејзините ќерки ги однесе да посетат сириски камп за бегалци во Јордан.
Работи на втор дел од филмот „Maleficent“
Во едно интервју на шега изјави дека сега таа сама го носи лебот дома, па мора да работи поинтензивно.
Продолжи со борбата за правата на жените
Таа се бори за сите жени кои немаат пристап до соодветна здравствена нега, кои мора да се откажат од школувањето за да работат и кои имаат полоши услови на работното место од мажите