Бившата девојка на Авичи преку Инстаграм порака се збогуваше со него
- Детали
- понеделник, 23 април 2018
Бившата девојка на Авичи се огласи на Инстаграм, откако во петокот се прошири веста за неговата смрт на само 28-годишна возраст.
Емили Голдберг го призна кршењето на срцето од оваа вест преку Инстаграм пост со нивни заеднички фотки и кратка порака.
„Ајде, не се откажувај од нас. Одбери ме мене и ќе ти покажам што е љубов. Тоа е дел од текстот на песната која Тим ја напиша за мене. Посакувам да живеев по овие зборови. Во тие две години додека бевме заедно тој ми беше најблискиот човек на кој се исповедав, и мојот најдобар пријател.“
Постот го заврши користејќи текст од хитот Wake Me Up:
„Сè уште си ги средувам мислите и ти благодарам за сите љубезни зборови и пораки. Разбуди ме кога ова ќе заврши, бидејќи не сакам да е реалност.“
Парот беше во врска од 2011-та до 2013-та година.
М. Д. | Црнобело