Амал Клуни ги отвори вратите од семејниот дом за Vogue, зборуваше за близнаците и Џорџ Клуни

Мајското издание на Vogue ќе го краси прекрасната жена, мајка на близнаци и успешна адвокатка, Амал Клуни.

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-01.jpg

Амал ги отвори вратите од домот во Англија за тимот на Vogue и ги покани во куќата која ја купиле со Џорџ и каде го поминале медениот месец..

Таа позираше во креации на Rosetta Grey, Oscar de la Renta и Johanna Ortiz, Frame, Balmain и други, а прекрасната фотосесија ја направи Ани Лебовиц.

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-001.jpg

Резиденцијата на семејството Клуни е речиси најголемата во околината, се наоѓа покрај река, има стаклена градина полна со цитрусни дрвја, има базен и бар „за забави“.

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-03.jpg

Во куќата има прекрасно уредени соби со многу фотографии од семејството, а има и соба со машина за фотографирање каде гостите може веднаш да си земат копија од фотките со близнаците Ела и Александар.

Таа се отвори за мајчинството, но го пофали и Џорџ кој многу се трудел првите зборови на близнаците да бидат „мама“, а потоа и „тато“.

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-002.jpg

Иако таа беше позната по нејзините достигнувања во кариерата, сепак стана уште попопуларна кога почна да се гледа со Џорџ.

Тие се запознале кога имала 35 години, преку заеднички пријател во неговиот дом на езерото Комо во Италија, а за запознавањето со неа, актерот изјавил:

„Секако дека беше убава. Но мислам дека беше и фасцинантна. И брилијантна. Нејзиниот живот беше неверојатно возбудлив – клиентите кои ги водеше и хуманата работа што ја правеше, паднав на неа од моментот кога ја видов.“

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-003.jpg

Тие го одржале контактот преку мејлови, а подоцна биле и на првиот состанок во Лондон, па Амал открива како се чувствувала:

„Беше најприродното нешто на светот. Пред тоа искуство, секогаш се надевав дека сигурно постои љубов која не е тешка и не бара товар при носење одлуки. Сега, љубовта е единствената работа во животот, што според мене е главна детерминанта за среќа и нешто врз што имаме најмалку контрола.“

Амал често работи од дома за да може да се грижи и за близнаците, па има прекрасно уредена соба за работа во куќата, исто како и Џорџ.

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-02.jpg

Како адвокат за правата на жените, за движењето „Me Too“ таа изјавила:

„Мислам дека заради храбрите жени кои решија да ги кажат своите приказни јавно, работната средина ќе биде побезбедна за мојата ќерка, отколку што беше за луѓето од мојата генерација.“

amal-kluni-gi-otvori-vratite-od-domot-za-vogue-se-otvori-za-zhivotot-i-napravi-prekrasna-fotosesija-04.JPG

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg