Кристина Агилера за првпат природна, без шминка на насловна страна (фото)
- Детали
- вторник, 27 март 2018
Во својата долгогодишна кариера, Кристина Агилера секогаш била уникатна и впечатлива со нејзиниот изглед, силна шминка и фризури со додатоци во косата.
Но, за насловната страница на магазинот „Paper“, пејачката одлучила конечно да ја „симне“ маската од неа.
37-годишната Агилера на фотографиите можеме да ја видиме природна, без шминка, со нежен маникир и наместо дијамантски впечатлив прстен, на раката има прстен на кој пишува „MOM“ (мајка).
На нејзиното нежно лице може да се забележат и пеги, кои претходно сигурно не сте ги виделе од тешката шминка, но сепак, таа изгледа прекрасно во природно издание.
„Отсекогаш сум била човек кој сака да експериментира, сака драматичност и сака да создаде приказна и да одигра улога во видео или на сцена. Јас сум изведувач, тоа сум јас по природа.“ – вели пејачката за магазинот.
Сепак, таа изјавила дека брзо ќе му се врати на „нацртаниот изглед“ бидејќи сè уште сака шминка.
Па така, во другите фотки од фотосесијата, таа е целосно нашминкана, со црвена шминка која се разлева по нејзиното лице, облечена во проѕирна наметка.
Во некои од фотките, таа се враќа на нејзината ексцентричност и го бакнува својот лик во огледалото, со што ја покажа и другата страна од неа, која на повеќето ни е позната.
Погледнете ја целата фотосесија на Кристина Агилера за магазинот „Paper“:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





