Славни ѕвезди чии очи имаат две различни бои (фото)
- Детали
- недела, 11 март 2018
Сте слушнале ли за хетерохромија? Убавината на т.н. „шарени очи“ може да биде предизвикана од недостаток на меланин, а може да биде и резултат на одредени генетски предиспозиции, повреда или болест.
Се издвојуваат 3 типови на хетерохромија: целосна, централна и секторална. Целосната хетерохромија која патем привлекува и најголемо внимание е најинтересна, бидејќи очите се во две сосема различни бои.
Едно кафеаво и едно сино око се најчестиот случај кој се забележува кај целосната хетерохромија, но постојат и неколку други комбинации.
Очигледно славните ѕвезди не се „имуни“ на овој интересен синдром. Многумина од нив носат леќи со цел да ја изедначат бојата на очите, иако сметаме дека изгледаат прекрасно онакви какви што се родиле – со очи во две различни бои.
Кои славни ѕвезди имаат хетерохромија на очите?
Џејн Симор
Мила Кунис
Кејт Босфорт
Џош Хендерсон
Алис Ив
Ден Акројд
Хавиер „Чави“ Ернандез
Даниела Руа
Можеби ќе се запрашате зошто Дејвид Боуви не е на листата. Тој всушност немал хетерохромичен синдром на очите. Кога имал 14 годишна доживеал повреда во едното око, а како резултат едната зеница му е попроширена од другата, што дава оптичка илузија на очи во две различни бои.
(О)Милена | Црнобело