Емина Јаховиќ се разведува од Мустафа по 10 години: „Одлуката не беше лесна, но беше заедничка“
- Детали
- четврток, 15 февруари 2018
Емина Јаховиќ и турскиот музичар Мустафа Сандал долго време важеа за среќно заљубен пар кој одлично се согласува.
Тие се 14 години заедно, а се венчале на 13-ти јануари, 2008 година, во Истанбул каде добро се сокриле од очите на јавноста.
Парот има две заеднички деца, синовите Јаман и Јавуз на кои се целосно посветени.
https://www.instagram.com/p/BbZcDSQDxH8/?taken-by=mustafasandal24
Но, сепак изгледа дека нивниот брак во последно време не бил совршен, со оглед на тоа што таа објави дека се разделуваат.
На социјалните мрежи пејачката објави фотка од неа и сопругот, на која напиша долга, отворена порака до своите фанови:
Драги мои, заради љубовта и поддршката со која ме опсипувате низ целата моја кариера, чувствувам желба и потреба да бидам секогаш искрена со вас – и кога споделувам убави работи, но и кога се во прашање оние помалку убави делови од животот, низ кои, за жал, сите понекогаш поминуваме.
Затоа сакам од мене да го дознаете ова – после 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас донесовме одлука да се разделиме.
Таа одлука не беше лесна, не беше ниту ненадејна, но беше заедничка, бидејќи после долги и отворени разговори заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена, со текот на годините згаснала.
Иако нашите животи ги продолжуваме одвоено, јас на Мустафа секогаш ќе му бидам најискрен пријател и поддршка во животот, а сигурна сум дека и тој на мене.
Нашата најважна мисија е да останеме добри родители на нашите прекрасни синови, Јаман и Јавуз, и во таа мисија сме обединети и нема да дозволиме ништо да не оттргне од тој пат.
Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод, заради тоа што не сакав да читате погодувања по медиумите на оваа тема, туку да ви кажам директно јас.
Ве сака вашата Емина.
Posted by Emina Jahovic on Thursday, February 15, 2018
Dragi moji, zbog ljubavi i podrške kojom me obasipate tokom čitave moje karijere, osećam želju i potrebu da sa vama uvek...
Posted by Emina Jahovic on Thursday, February 15, 2018
Потсетете се на најубавите моменти и фотки од Емина и Мустафа со синчињата:
М. М. | Црнобело