Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кајли Џенер објави видео од целата бременост и соопшти дека родила девојче

После сите гласини, претпоставки, појавувања во широка облека и криење под ќебе на фотосесии, мистеријата конечно е откриена.

kajli-jenner-objavi-video-od-celata-bremenost-i-soopshti-deka-rodila-devojche-01.jpg

Кајли Џенер во неделата потврди дека била бремена и објави дека со нејзиното момче Тревис Скот добиле ќерка.

Таа се породила на 1-ви февруари, 2018 во 16:43 часот, а на Инстаграм објави текст во кој се извинува што долго ги држела фановите во неизвесност.

Кајли објаснува дека иако е навикната да ги пренесува сите нејзини искуства, сепак бременоста била нешто за што прво самата морала да се подготви, без стрес и на здрав, позитивен начин.

20-годишната мајка оддава почит на пријателите и семејството кои ѝ помагале во овој посебен момент, во приватна атмосфера.

Токму поради тоа што бременоста се држеше во тајност и ретко можеше да се забележи Кајли во јавност, таа направила видео од целиот тој период, кој го сподели на социјалните мрежи.

Во видеото ги има сите нејзини блиски луѓе и најубавите моменти низ кои таа поминала, а во еден момент може да се забележи и третото дете на Ким, Чикаго, кога се запознава со нејзината тетка.

Фотки од бременоста на Кајли и baby shower забавата:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg