Знаци од Calvin Klein фотосесијата на Кардашијан-Џенер кои ја потврдуваат бременоста на Кајли
- Детали
- вторник, 23 јануари 2018
Бременоста на Кајли Џенер предизвика бурни реакции и сомнежи какако кај фановите, така и кај медиумите.
Таа веќе неколку месеци не се појавува во јавност, освен кога папараците ќе ја уловат во широка облека.
Но, сега таа се појави во фотосесија за долна облека на Calvin Klein заедно со нејзините сестри.
Секако, на сите фотографии Кајли е покриена и скриена зад некоја од нив, додека сестрите на некои од фотографиите се разголени.
Со тоа таа предизвика уште повеќе реакции и сега фановите се сигурни дека таа е бремена, иако нема никаква потврда од семејството.
Фановите исто така најдоа и други „траги“ со кои таа ја открива бременоста.
Погледнете кои се тие:
Покривката
Очигледно е дека само таа се крие со покривката, а еден фан коментирал на Инстаграм фотката: „Покриј се со ќебе Кајли, никој нема да забележи“.
Усните
Кајли е голем љубител на полни усни и првпат ставила филери кога имала 16 години и усните оттогаш постојано и изгледаат пополно.
Но, сите знаат дека таквите инјекции и бременоста не одат заедно, па фановите забележале дека нејзините усни се повторно многу тенки на фотографиите.
Градите
Таа секогаш негирала дека правела и дека сака корекција на градите и никогаш немала толку големи гради.
Но, на фотографијата, Кајли навистина ги изненади фановите со деколтето кое привлече внимание, а еден фан коментирал: „Кајли со труднички гради“, а друг напишал: „Хмм, поголеми гради, нема полнети усни и тој сјај…“.
Косата
За време на бременоста, жените ги советуваат да не ја фарбаат косата заради сите хемикалии кои ги содржат фарбите.
На фановите токму затоа им е чудно што Кајли толку долго време е со нејзината природна коса, со оглед на тоа што таа сака да експериментира со бојата.
Држењето на рацете
На една од фотографиите, фановите забележале дека Клое се држи за стомакот со едната рака, а со другата ја држи раката на Кајли. Па, тие тоа го поврзале и создале теорија дека и двете се трудни па затоа се држат за раце.
Дали Кајли воопшто била таму?
Една од најлудите теории кои се појавија е дека таа воопшто не присуствувала на целата фотосесија, туку дека била додадена со Photoshop отпосле.
„Кајли изгледа како да ѝ направиле copy-paste од друга слика“ – коментирал еден од фановите.
Овие коментари се појавиле и поради тоа што многумина веруваат дека Кајли веќе се породила, а дури има и теорија дека е можно таа да е сурогат-мајката на детето на Ким и Канје, но секако ова се само гласини.
М. М. | Црнобело