Бијонсе метела коса во фризерница, Том Круз носел багаж: Првите (нормални) работи на познатите
- Детали
- четврток, 01 февруари 2018
Тие денес се уметници од светски ранг, но првите работни искуства им биле сосема поинакви. Секој мора да започне од некаде, зарем не?
Се сеќавате ли на вашето прво работно искуство? Многу стрес, многу учење, многу прилагодувања, а можеби дури и работење на работа која не ви е по желба.
Верувале или не, со ваква мака се соочувале и некои од најпознатите личности на планетава.
Од Бијонсе до Мајли Сајрус, ѕвездите ги споделуваат искуствата за нивната прва (нормална) работа:
Ема Стоун
Пред да стане позната актерка, Ема Стоун на 15-годишна возраст работела во пекарница за бисквити за кучиња.
Таа со задоволство се сеќава на некои од закуските кои таму се приготвувале за домашните миленици.
Ники Минаж
Ники Минаж откри дека првата работа ѝ била како келнерка и била отпуштена поради нељубезност кон клиентите.
Таа откри дека еднаш избркала гостинка од ресторанот „Red Lobster“ и ѝ го покажала средниот прст со барање да ѝ го врати пенкалото назад.
Мајли Сајрус
Пред да се појави со нејзиниот познат татко во филмот „Хана Монтана“, Мајли Сајрус била задолжена да ги чисти предметите кои фановите на нејзиниот татко Били Реј Сајрус му ги фрлале на сцената, а тоа најчесто биле градници и гаќички.
Мајли откри дека добивала по 10 долари за оваа работа, а кога ќе најдела голем градник се шегувала: „Тато, ти ја пронајдов најголемата обожавателка“.
Рејчел мек Адамс
Актерката работела во McDonald’s три години заедно со нејзините брат и сестра. Сестра ѝ всушност ѝ била и шеф.
Наводно Рејчел не била доволно добар работник затоа што еднаш ја скршила машината за сок.
Бијонсе
Пред Бијонсе да стане мега ѕвезда, била млада девојка што растела во Хјустон, Тексас.
Првата работа ѝ била да ја мете косата во фризерскиот салон на мајка си.
Том Круз
Пред да стане актер од највисок ранг, Том Круз работел во хотел на пречек на гостите и им помагал со нивниот багаж.
Веруваме дека и таму бил посветен и ефикасен, како што е денес во неговата актерска кариера.
Меган Фокс
Меган Фокс работела во локал каде се продавало смути.
Таа од овошје создавала вкусни пијалаци, но и секој петок морала да се облекува во костим банана за да ја промовира продавницата.
За првите работни искуства на уште некои познати личности прочитајте ТУКА!
С. С. | Црнобело