Како изгледа сопругата на Вагнер Мура - Пабло Ескобар од „Narcos“? (фото)
- Детали
- четврток, 04 јануари 2018
Бразилскиот актер го воодушеви светот со улогата на Пабло Ескобар во серијата на Netflix.
Вагнер Мура (Wagner Maniçoba de Moura) е познат бразилски актер кој постигна светска слава со портретирањето на нарко босот Пабло Ескобар во серијата „Narcos“.
Со оваа улога 41-годишниот актер ги освои срцата на луѓето ширум светот.
Тој има уште неколку позначајни филмски појавувања како: Elite Squad (2007), Elite Squad: The Enemy Within (2010) и Elysium (2013).
Роден е во Салвадор, а студирал новинарство на Универзитетот во Бахиа. Негов роден јазик е португалскиот, но одлично зборува и англиски и шпански. Пред снимањето на „Narcos“ тој земал часови по шпански за да го освежи знаењето.
За жал, во 3-тата сезона на серијата, која излезе пред некое време Мура нема да го гледаме, бидејќи крајот на 2-рата ја одбележа смртта на Ескобар.
Покрај актерската кариера, Мура е активен и на поле на музиката во улогата на вокалист на групата Sua Mãe.
Од 2001 година тој е во брак со новинарката и фотограф Сандра Делгадо со која има 3 сина.
https://www.instagram.com/p/BXr53qKhs1A/?hl=en&taken-by=wagnermourafc
Еве како изгледа сопругата на талентираниот Мура:
С. С. | Црнобело